Јанша ја обвини Дуња Мијатовиќ дека шири лажни вести

Јанез Јанша/ Фото Архива на Слободен печат

Премиерот на Словенија Јанез Јанша го обвини комесарот на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ за ширење лажни вести, бидејќи во нејзиниот извештај ја критикуваше состојбата со медиумските слободи во Словенија.

Премиерот на Словенија Јанез Јанша го обвини комесарот на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ за ширење лажни вести, бидејќи во нејзиниот извештај ја критикуваше состојбата со медиумските слободи во Словенија.

„За жал, Дуња Мијатовиќ е дел од мрежата на лажни вести. Таа е добро платена со нашите пари”, напиша денес Јанша на Твитер.

Во извештајот објавен кон крајот на минатата недела, Мијатовиќ ја повика словенечката влада да прекине со влошување на слободата на медиумите и слободата на изразување.

Во извештајот што го даде по посетата на Словенија и разговорите со неколку високи функционери, таа ги наведе малтретирањето и заплашувањето новинари со судските процеси против некои од нив како проблеми во Словенија, предупредувајќи дека некои активности на словенечката влада можат да ја нарушат независноста, кредибилитетот и финансиска стабилност на јавните медиуми.

Словенечкиот премиер Јанша, кој дојде на власт по трет пат во март минатата година по повлекувањето на претходната влада, води еден вид вербална војна со новинарите од почетокот на неговиот мандат, обвинувајќи ги одредени медиуми дека дејствуваат во интерес на „екстремната левица“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот