Стразбур ќе ги истражува наводите на Јанкулоска дека судењето за „Тенк“ не било фер

Европскиот суд за човекови права во Стразбур отвора постапка по жалбата на ексминистерката Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“, за да оцени дали имало сериозни индиции за можни прекршувања на правото на фер судење.

Јанкулоска објави на „Фејсбук“ дека Судот во Стразбур отвора сериозни прашања во однос на документираните повреди на правото на правично судење во предметот против неа, за набавката на блиндирано возило за потребите на државата.

Овие прашања, според Јанкулоска, не се само потврда на целото беззаконие и бескрупулозност на инсталациите на претходната власт во правосудството во однос на неа лично, туку, како што вели, се и потврда дека токму тие инсталации беа најмоќната алатка за остварување на целите на таа влада.

„Иако поминаа скоро 5 години од поднесувањето на апликацијата пред ЕСЧП, а јас издржав неправедна драконска казна и штетата која ја претепев на приватен и професионален план не може да се надомести, сепак сознанието дека од страна на ЕСЧП овие повреди се препознаени, за мене е една мала лична сатисфакција. Можеби конечно оние со 2% доверба ќе ја примат пораката дека не смеат да слугуваат на ничии интереси и агенди затоа што граѓаните ги плаќаат да ги штитат, а не да ги кршат нивните права. Госпоѓата која денес е на столбот на срамот, а која за своите злодела беше од страна на претходната власт дебело наградена со висока функција е пример дека судиската тога не е панцир што штити од општествен прекор. Се надевам дека конечно ќе има одговорност за сите сторени зла, но и ако тоа не се случи, немам дилема дека никој не може да му избега на судот на историјата“ порача Јанкулоска на Фејсбук.

Јанкулоска беше осудена на четири години затвор за предметот „Тенк“, што го отвори тогашното специјално јавно обвинителство. Судот ја прогласи Јанкулоска за виновна за злоупотреба на службена должност и овластувања. Според обвинението, таа му помогнала на тогашниот премиер Никола Груевски, со пари на полицијата на наместен тендер да си купи „мерцедес“ од 600.000 евра за лична употреба за кога нема да биде пред новинарите и граѓаните.

„Никогаш не се согласив со бегството на Груевски“-Јанкулоска прв пат зборува и за условите во затворот„Ни јас ни Катица нe сме избрале да сме таму“

Ексминистерката беше ослободена од затвор во ноември 2023 година, една година пред истекот на затворската казна.

Јанкулоска беше 9 години министерка за внатрешни работи во владата на Груевски, од 2006 до 2015 во мај кога си даде оставка поради вооружените напади во кумановската населба Диво Насеље.

Гордана Јанкулоска од денеска на слобода

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот