„Никогаш не се согласив со бегството на Груевски“-Јанкулоска прв пат зборува и за условите во затворот„Ни јас ни Катица нe сме избрале да сме таму“

фото: print screen 360 степени, интервју на Гордана Јанкуловска

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска последен пат се сретнала со екс премиерот Никола Груевски неколку денови пред тој да ја напушти државата.

„Јас и Груевски одамна немаме никаква комуникација. Никогаш не се согласив со тоа што го направи, односно со тоа што побегна во Будимпешта“, вели Јанкулоска.

По три години поминати во затворот „Идризово“ од вкупно четири досудени во предметот„Тенк“,поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во интервју за „360 степени“ емитувано вечерва, одговараше и на прашања за времето поминато во затвор и за тамошните услови. Таа сподели дека е сместена во релативно мал простор и дека има пристојна комуникација со сите затворенички со кои разговара главно за затворскиот живот. Јанкулоска потврди дека непосредна сосетка ѝ е и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која, пак, е осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување во предметот „Рекет“.

„Ни јас ни таа не сме одбрале каде ќе не сместат, не сместиле таму каде што проценила Управата дека е соодветно за издржување на казната. Имаме пристојна комуникација како и со сите други, на теми и прашања поврзани со нашето секојдневие“, додава таа.

Јанкуловска кажа дека настојува да чита стручна литература за да не ја изгуби, како што вели, интелектуалната кондиција. Колку што ми дозволуваат можностите, преку телевизијата, настојувам да ги следам и настаните во Македонија“, вели Јанкуловска.

„Настојувам да го зачувам и физичкото и психичкото здравје. Се занимавам со одредени фитнес вежби и се друго што е потребно во такви супстандардни услови да се остане во колку-толку добра кондиција, во физичка смисла на зборот, меѓутоа, со оглед на тоа што таквата изолација значи целосна отсеченост од надворешниот свет, во овие години прочитав многу книги што никогаш претходно не наоѓав време да ги прочитам.

Според неа, условите во затворот се лоши.

„Условите се катастрофални. Тие се навистина под секое достоинствено ниво, каде што човечко суштество би требало да го минува времето, без оглед на тоа кој за што е осуден и колкава казна треба да издржи. Како резултат на нодамнешната посета на министерот за правда во најголемиот затвор ’Идризово’, каде што сум и јас сместена, јавноста имаше можност да види како изгледаат условите“, изјави Гордана Јанкуловска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот