Јанис влезе во одбрано друштво
Грчкиот репрезентативец Јанис Антетукомбо постигна 30 поени, со учинок од 21 скок и 10 асистенции за триумф на Милвоки над домаќинот Торонто од 101-104 во еден од дуелите одиграни во НБА лигата.
Со синоќешниот ефект Јанис стана само седми кошаркар во последните 40 години во НБА лигата кој натпревар завршил со минимални 30 поени, 20 скока и 10 асистенции. А, ако се додаде синоќешниот учинок на тоа што го направи во претходните четири дуели, стана и првиот кошаркар од 1972 година и Карим Абдул Џабар со најмалку 200 поени, 80 скока и 30 асистенции во пет едноподруго меча.
Од останатите кошаркари, Грејсон Ален дополни со 16 поени за Милвоки, а Боби Портис заврши со 14 поени и 12 скока. Брук Лопез мечот го заврши со 9 поени и 19 скока. Ван Флит со 28 поени, осум скока и 12 асистенции беше најдобар кај Торонто.
Хрватот Бојан Богдановиќ го одигра еден од своите најдобри натпревари во кариера, а неговиот Детроит со тројка во последната секунда славеше против актуелниот НБА-шампион, Голден стејт. Мечот заврши со 122-119, а хрватскиот репрезентативец постигна 29 поени за својот тим.
Без промашување од игра беше Дурен кој погоди од сите осум обиди и мечот го заврши со 18 поени, а имаше и 11 скока. А, Детроит ќе го слави Садик Беј кој погоди во последната секунда за победа во лудата завршница.
Детроит на 4,2 секунди пред крајот имаше три коша предност, за да Клеј Томпсон постигне тројка за израмнување на 119-119. Но, во преостанатата секунда до крајот Детроит изведе топка од страна, прифати Беј и постигна тројка за победа…