Весна Јаневска - министерка за образование / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Јаневска: Свидетелствата за прво, второ и трето одделение годинава ќе бидат и електронски и печатени

Свидетелствата за прво, второ и трето одделение годинава ќе бидат електронски, но, со оглед дека првпат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат и печатени, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска.

Како што посочи таа, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а во 2028 година процесот ќе биде заокружен вклучително и со деветто одделение.

-Од оваа година воведуваме електронски свидетелства од прво до трето одделение. Со оглед дека е прва година ќе има и печатени свидетелства, зашто очекуваме наставниците да се прилагодат на новите електронски свидетелства, што ќе биде огромно олеснување за нив. Наместо да пишуваат на рака свидетелства, тие ќе можат на компјутер да ги пополнат свидетелствата — ем побрзо, ем поефикасно, ем без грешки, зашто податоците се влечат од е-дневник. И оваа година одиме паралелно, од догодина ги додаваме новите три одделенија — четврто, петто и шесто и од догодина ќе одиме само со електронски свидетелства, за третата година да го завршиме и деветто. Со нив заштедуваме на хартија, намалуваме загадување, ја олеснуваме работата на наставниците и, дополнително, системот за упис во средно ќе ги влече податоците од самите училишта. Тоа е релативно голем напредок за работата, односно за дигитализација на процедурите во училиштата и погодност и за наставниците, и за родителите, и за учениците – рече Јаневска.

На прашањето, до каде е законот за високо образование, министерката повтори дека трите закони, за високо образование, за обезбедување квалитет во високото образование и за научно-истражувачка дејност, мора да одат во пакет.

-Има забелешки кои не се суштински, но се повеќе од правен и номотехнички аспект. И ние сега, тоа се вика усогласување, ги прифаќаме или не ги прифаќаме. Сметам дека она што го видов не е проблем да ги прифатиме сите. Законот за наука сѐ уште се обработува, но јас очекувам во текот на идната недела комплетно да бидеме усогласени. Тоа е веќе владина процедура. И штом се усогласиме со законодавство, значи ја имаме последната верзија, таа ќе оди на владина седница – истакна Јаневска пред потпишувањето Меморандум за соработка на Градежниот и Економскиот факултет со два германски универзитета во областа на циркуларната економија.

Јаневска најавува построги критериуми за напредување во научните звања на универзитетите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот