Јаневска: Повлекувањето на Предлог-законот за средно образование покажува дека прифаќаме конструктивни предлози
Повлекувањето на Предлог-законот за средно образование ја покажува „решеноста на Министерството за образование и наука да добиеме закони кои ќе бидат широко прифатени, како одраз на потребите на учениците, наставниците и целото општество“, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Препорачано
Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска посочи дека во комисиската расправа досега се прифатени четири амандмани на опозициската СДСМ и два на Коалицијата Вреди кои, како што рече, „ќе ги подобрат текстовите на законите и се во интерес на учениците“.
-Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно, затоа што наша цел е да ја подобриме регулативата како основа за темелни промени на воспитно-образовниот систем и поквалитетно образование, изјави таа.
Граѓаните, според Јаневска, треба да имаат доверба дека Владата и Министерството, како предлагачи на законите, се подготвени да ги ислушаат и прифатат конструктивните предлози од сите засегнати страни, вклучително и опозициските партии, граѓанските организации и јавноста.


