Јанева после ручек се враќа во „Шутка“

Фото: Д. Митрески

После 15 часот притворената поранешна специјална обвинителка Катица Јанева ќе биде пуштена од болницата „Жан Митрев“ и повторно ќе биде вратена во притворското одделение во истражниот затвор „Скопје“. Ова за „Слободен печат“ го изјави адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска.

Фрчкоска рече дека денеска го добиле од ОЈО обвинителниот акт против Јанева. Минатата недела ОЈО го поднесе обвинението каде Бојан Јовановски е првообвинет, а Катица Јанева е третообвинета. ОЈО тогаш бараше да и биде продолжен притворот на Јанева.

Скопска Апелација денеска одлучи дека Кривичниот суд повторно треба да одлучува дали Катица Јанева ќе биде пуштена од притвор со гаранцијата од недвижност во три стана.

Апелација го укинала решението на Кривичниот суд со кое се одбива гаранцијата бидејќи Основниот суд не требало да го отфрли барањето на Јанева, туку требало мериторно, требало да ги разгледува околностите дали барањето за замена на затворскиот притвор е основан, па потоа да го одбие или да го прифати тоа барање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот