Јанчев доби извинување од Каракамишева за објавената членска книшка од СДСМ

По објавувањето на членската книшка од СДСМ на која може да се прочита името на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, професорката Тања Каракимшева упати извинување, откако Јанчев реагираше дека станува збор за фалсификат.

– Утринава ме “бомбардираа” вести и телефонски јавувања од провладините медиуми дека Митко Јанчев ќе ме тужел поради објавата за членската книшка. Не знам колку е информиран господинов, но оваа фотографија е јавно достапна и не е за прв пат објавена кај мене, што значи не е ексклузивна вест. Галиба ќе треба да ги тужи сите на Твитер! Самиот факт дека целиот провладин медиумски сервис се покрена да го објави демантот на Јанчев зборува повеќе од самата книшка. Со оглед дека сум професионалец и пред сѐ, човек, му упатувам извинување доколку на каков било начин сум придонела да се почувствува навреден од објавата – објави универзитетската професорка Каракамишева на Фејсбук.

Претходно, преку соопштение Јанчев кажа дека таа членска книшка е фалсификат и ѝ се закани на професорката со тужба доколку не добие извинување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот