Јанчев: Далеку од тоа дека преминувам во СДСМ

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, во изјава за „Слободен печат“, вели дека, иако бил присутен на вчерашната трибина на СДСМ организирана во Кавадарци не значи дека преминува во оваа партија.

– Далеку од тоа дека поминувам во СДСМ. На трибината присуствував како одговорен градоначалник на Кавадарци, сакам да слушнам кој што има да понуди и да го извлечеме најдборото за граѓаните и општината – вели Јанчев за „Слободен печат“.

Тој вели и дека засега не планира формирање на нова партија, иако тоа неколку пати се шпекулираше.

– Во моментов не планирам нова партија, не во ваква ситуација пред избори – вели Јанчев.

Сепак останува да видиме дали има можноста за некаква соработка, меѓу Јанчев и власта.

Јанчев стана градоначалник на Кавадарци како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Тој синоќа беше гостин на трибина на владејачката партија СДСМ, која се одржуваше во Кавадарци. На трибината со наслов „На прав пат“ Јанчев седеше во првиот ред, во истиот, каде што седеше и неговиот противкандидат на локалните избори во 2017 година, Бетиане Китев од СДСМ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот