Јанакиески тврди дека е невин за “Сончев град”

Миле Јанакиески
Миле Јанакиески /Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денеска се одржа рочиште за случајот „Топлик“, на кое обвинетиот ексминистер за транспорт и врски Миле Јанакиевски даде своја изјава, велејќи дека не го сторил делото за кое се товари.

– Одговорно тврдам дека не сум влијаел во работењето на комисијата, не сум барал да се објави огласот, а уште помалку како што се тврди во обвинението сум барал да се објави иако сум знаел дека има недостаток во објавата. Ниту со членовите на оваа комисија, ниту пак со другите сум имал контакт и секогаш сум ја запазувал хиерархиската поставеност во Министерството, рече пред судот Јанакиески.

Обвинителството во обвинението пак, вели дека поранешниот министер Миле Јанакиески на 3 април 2007 година ја сменил комисијата која му укажала дека не може да се продава земјиштето поради фактички и правни проблеми, за да веќе наредниот ден од страна на Јанакиески биде формирана нова комисија, со други членови.

Миле Јанкиевски и уште пет лица се гонат за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште односно за злоупотреба на службена положба со што го оштетиле Буџетот и граѓаните за околу милион евра.

Јанакиевски во петокот во судот изјави дека чекал три години за да може да ја изнесе својата одбрана и дека за неа сериозно се подготвувал. Ваквата изјава следеше по забелешката на судијата Осман Шабани дека „тој не треба да ги анализира доказите и сведоците во својата изјава“.

Иста таква забелешка имаше и обвинителот Бурим Османи, кој сметаше дека обвинетиот не само што прави анализа туку и дека дава завршни зборови.
– Секоја анализа на доказите на комисијата е класична злоупотреба на одбраната да се впушти во давање завршен збор, што е недозволиво“, рече Рустеми.

Јанакиевски својата одбрана ја изнесуваше цели три часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот