Јанакиески призна дека „бомбите“ за „Космос“ се автентични

Фото: Слободен печат

Второобвинетиот Миле Јанакиески, за денешното рочиште од судењето за уривањето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски, призна дека објавените разговори во врска со случајот, познати како „бомби“, се веродостојни.

Обвинителството се обидува да докаже дека комплексот „Космос“ бил урнат поради политичка одмазда, по налог на тогашниот премиер Никола Груевски.

На денешното судско рочиште, на кое обвинетите ја изнесоа одбраната, Јанакиески не призна вина, но кажа дека разговорите се автентични.

Првообвинетиот Груевски, кој им наредил на Јанакиески и на тогашниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски „да не го тупат и да го урнат „Космос“ со динамит“, е во бегство во Унгарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот