Јана Атанасовска/МОК

Јана Атанасовска со одличен настап во Словенија испиша нова историја за македонското скијање

Македонската алпска скијачка Јана Атанасовска продолжува да испишува нови страници во домашното скијање, откако на ФИС трките во словенечка Рогла постигна одлични резултати.

На првата трка Атанасовска заврши на четвртата позиција, при што особено се истакна во второто возење, каде имаше второ најбрзо време, со заостанување од само 0,09 секунди зад победничката Ноа Шолош. Овој резултат ѝ донесе 33,20 ФИС поени што е најдобар учинок досега за една македонска скијачка во оваа дисциплина.

Континуитетот на добрата форма го потврди и на втората трка во Рогла, каде во силна конкуренција се пласираше на седмото место и освои вкупно 39,99 ФИС поени.

Овие настапи се уште една потврда за напредокот на македонското алпско скијање, а Атанасовска, заедно со тренерот Александар Атанасовски, јасно покажува дека е на вистинскиот пат кон поголеми успеси и натпреварување со светската елита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот