Фото: Скијачка федерација на Македонија

Јана Атанасовска со најдобар македонски женски резултат во алпско скијање

Македонската скијачка Јана Атанасовска во Телфс, Австрија, оствари одличен настап на ФИС слалом трките.

Во првата трка таа го освои четвртото место и ги подобри своите ФИС поени на 26.41, што претставува нејзин најдобар личен резултат, а воедно и најдобар македонски женски резултат во слалом.

Во втората слаломска трка истиот ден, нашата натпреварувачка дојде до шестата позиција со 30.78 ФИС поени, потврдувајќи ја својата стабилна форма и континуиран напредок во силна меѓународна конкуренција.

Овој настап доаѓа како дел од нејзините подготовки и настапи пред претстојниот олимписки циклус и Олимписките игри во Милано, што дополнително ја нагласува важноста на постигнатите резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот