Фото: aquilabasket.it

Јакимовски втор стрелец во поразот на Тренто во италијанскиот шампионат

Денеска во 26 коло од најсилната италијанска кошаркарска лига екипата на Тренто загуби на гостувањето кај Тортона со резултат 103:84.

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски беше втор стрелец во редовите на Тренто со 14 поени, а за 22 минути игра на паркетот запиша и три скока.

Поефикасен од нашиот играч од гостинскиот тим беше само Американецот Калиф Бетл со 21 поен.

На спротивната страна Томасо Балдасо забележа 19 поени, два повеќе Пол Стефан Билига кој воедно имаше и пет скока.

На табелата Тренто е повторно надвор од позициите кои водат во плејофот, моментно е на деветтото место со 20 бодови.

Во следното коло Јакимовски и неговите соиграчи на 18 април ќе го пречекаат составот на Реџана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот