Aндреј Јакимовски/КФМ

Јакимовски: Луксембург има добри кошаркари, но нашиот фокус е само на нас

Андреј Јакимовски блесна на стартот од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година и се наметна како еден од клучните адути на македонската кошаркарска репрезентација.

Во двата воведни натпревари, триумфот на домашен терен против Азербејџан и победата на гости кај Ирска, Јакимовски реализираше вкупно 51 поен, односно во просек по 25,5 поени по натпревар, со што е прв стрелец во националниот тим во овој циклус.

Покрај поентерскиот учинок, крилото придонесува и во рекетот. Со просек од осум скока по средба, тој е рамо до рамо со Џејков Вајли меѓу најдобрите скокачи во селекцијата.

Кошаркарот на италијански Тренто подготвен го очекува новиот репрезентативен собир и следниот предизвик.

„Мислам дека треба да продолжиме да ја градиме нашата тимска игра, нашата хемија и со помош на новиот селектор да го поставиме тој систем на игра. Краток е периодот за подготовка, ама мислам дека ќе успееме. Досега не сме играле со Луксембург. Имаат доста добри играчи, Очекувам добар натпревар, а нашиот фокус е само на нас. И да ја подобриме нашата игра како што го направивме тоа во претходниот циклус.

„Супер сме. Како што селекторот кажа, сака брза игра, игра во транзиција. Поставиме неколку напади, поставивме и систем во одбрана. Со интенција да имаме брза игра.

Да, периодот за тоа е краток. Не може да се пстаават повеќе работи во овие три-четири дена. Се надевам дека во наредниот циклус за време на летниот период ќе може да тренираме повеќе и селекторот да го постави својот стил на игра“, изјави Јакимовски пред дуелот со Луксембург, во петок од 18 часот, во салата „Градски парк“ во Скопје.

Македонија ќе се обиде да ја продолжи победничката серија и со нов триумф да направи уште еден чекор напред кон следната фаза од квалификацискиот пат.

Селекторот Берокал го објави списокот за февруарскиот ФИБА „прозорец“

Селекторот Берокал го објави списокот за февруарскиот ФИБА „прозорец“

Селекторот Берокал го објави списокот за февруарскиот ФИБА „прозорец“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот