Јаховиќ за ситуацијата во Турција: Критично е, паднаа 2.800-3.000 згради, апелирам за помош од Македонија!

Фото: Архива

Како и Лука Станковски, така и Адис Јаховиќ е еден од македонските фудбалери кои настапуваат во Турција. Јаховиќ е дел од тимот на Бодрумспор и во делот каде што е тој за среќа засега нема опасност, меѓутоа во погодените делови ситуацијата е критична.

Поранешниот репрезентативец на Македонија ситуацијата ја опиша во изјава „Спортски.мк“. 

„Овa се кризни моменти во Турција, медиумите, телевизиите сите покажуваат што се случуваше во градовите погодени од земјотресот. Имаме и пријатели кои играат во тој дел на Турција.

Легендарниот голман Волкан Демирел испрати емотивна порака на социјалните мрежи, а Јаховиќ имал контакт и со него.

„Се слушнавме со Волкан Демирел, тројца луѓе се исчезнати од Хатајаспор. Левиот бек кој играше во Челзи (Кристијан Атсу), спортскиот директор и уште еден асистент-тренер. Исто така во Малатијаспор, каде што настапував, исчезнат е вториот голман (Ахмет Ејуп Туркаслан).

„Помош од секаде доаѓа, апелирам во Македонија ако може да се собере колку-толку пакети и помош за погодените градови. Многу е потреба таа помош, се помага од сите делови…Остваривме контакти во Германија да се собере некаква помош. Ситуацијата е критична, но како што сега следев веќе околу еден час земјотресите се престанати. До пред еден час имаше земјотреси на секои пет минути. Многу згради, некаде околу 2.800 до 3.000 згради паднаа, илјадници ги загубија животите, а има уште многу исчезнати“.

„Во нашиот дел, тука во Бодрум каде што живем нема никаква опасност засега. Погоден е само горниот дел на Турција и таму е опасноста, мирно е, но не може да се знае што ќе се случува, од тоа што е од Господ не може да се бега“, изјави Јаховиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот