Фото: Инстаграм/Ноа Кирел

ФОТО+ВИДЕО | Ја воодушеви Европа: Израелската претставничка важи за најзгодна на годинашната Евровизија

Моментално сме среде евровизиската недела, а вечерва ќе се одржи второто полуфинале на најпопуларното музичко натпреварување во Европа.

Иако евровизиските фанови се спремни за вечерашниот спектакл во арената во Ливерпул, тие сè уште ги споделуваат своите импресии од првата полуфинална вечер. Еден од највпечатливите настапи таа вечер беше оној на израелската претставничка Ноа Кирел, која настапи со песната „Unicorn“ и успеа да се пласира во големото финале на Евровизија.

Фото: Инстаграм/Ноа Кирел

Според многумина, оваа 22-годишна пејачка е најзгодната претставничка на годинашното издание на Евровизија. Покрај убавиот физички изглед, таа остави силен впечаток и со своите танцови способности.

„Дефинитивно, таа е мојата победничка годинава“, „Песната е одлична, а танцот ѝ е моќен, баш како што и треба да биде на Евровизија“, „Преубава и многу талентирана“, беа дел од реакциите на нејзиниот настап.

Фото: Инстаграм/Ноа Кирел

Имено, Ноа Кирел ја објавила својата дебитантска песна кога имала само 14 години, а потпишала договор со „Атлантик рекордс“ на 18-годишна возраст. Во меѓувреме, оваа млада и талентирана пејачка добила бројни награди, меѓу кои и за најдобар израелски изведувач на европските музички награди на „Ем-ти-ви“.

Годинашната израелска претставичка има нешто повеќе од еден милион следбеници на социјалниот медиум Инстаграм, каде нејзините обожаватели постојано ѝ оставаат коментари со силна поддршка за време на нејзината евровизиска приказна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот