Ја однесе како да е од хартија: Огромна двокатна куќа за 5 секунди исчезна во поплавите во Кина (ВИДЕО)

Фото: YouTube/Screenshot

Најголеми поплави во Кина имаше во 1998 година, кога настрадаа повеќе од 4.000 луѓе во сливот на реката Јангце.

По долината на реката Јангце забележани се врнежи какви што не се паметат во последните 50 години, а во поплавите досега загинаа најмалку 141 лице.

Поплавите носат се пред себе, па и големи куќи.

Во провинцијата Џангси, на југот од земјата, надојдената река како од шега однесе двокатна куќа.

Прво е поплавено приземјето, а потоа и целата куќа се преврте и ја сруши во вода. Сето ова траеше околу 5 секунди и делува застрашувачки.

Инаку, најмалку 140 луѓе настрадаа и исчезнаа во поплавите во централните и источните области од Кина, а сега е загрозен и Вухан, градот од каде тргна пандемијата на коронавирус.

Најголеми поплави во Кина имаше во 1998 година, кога настрадаа повеќе од 4.000 луѓе во сливот на реката Јангце.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот