Ја нарекувале мравојад, хрчак: Барбара Страјсенд во своите мемоари открива за суровите навреди поради изгледот

Фото: CBS / Planet / Profimedia

Легендарната пејачка Барбара Страјсенд во своите долгоочекувани мемоари со наслов „Моето име е Барбара“ ги открива најситните детали од својот приватен живот и богата музичка кариера, пишува „Дејли мејл“.

Имено во мемоарите кои официјално се објавија на 7 ноември, таа се присетува дека на почетокот на кариерата добивала сурови коментари за нејзиниот изглед, особено за нејзиниот нос.

Пејачката и актерка, која сега има 81 година истакна дека многу луѓе ја советувале дека треба да го оперира носот, да оди на операција за да ги коригира забите, а честопати добивала и погрдни прекари, како мравојад или бесен хрчак.

„Помислив – не е ли мојот талент доволен? Операцијата на носот би била скапа и би болела. Освен тоа, како да знам дека некој ќе го направи токму она што јас го сакам и ништо повеќе?“, напишала Барбра.

Таа признава дека и денес е донекаде навредена од наметнувањето на идеалите за убавина во забавната индустрија.

„Ми се допаѓа долгиот нос. Го имаше и италијанската актерка Силвана Мангано, па сите мислеа дека е убава. Се чини дека мојот нос секогаш остава посилен впечаток од мојата работа“, додала таа.

Инаку, Барбара Стрејсенд изјавила дека уште на 17 години си поставила за цел да стане позната, за некој друг да ѝ го средува креветот и признала дека е повозбудливо да се сонува слава отколку да се живее во реалноста.

Пејачката и актерка досега има добиено две награди „Оскар“, осум награди „Греми“, четири награди „Еми“, специјални награди „Тони“, награди на Американскиот филмски институт и награди на Пибоди.

Во 1962 година, таа го направи своето деби на Бродвеј, во мала, но истакната улога како госпоѓица Мармелштајн во мјузиклот „I Can Get It for You Wholesale“. Нејзиниот прв албум беше „Албумот на Барбра Страјсенд“.

Тејлор Свифт си го оставала ѓубрето на улица: Има 32 казни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот