Тејлор Свифт си го оставала ѓубрето на улица: Има 32 казни

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Најголемата поп-ѕвезда на денешницата Тејлор Свифт е казнета со 3.010 долари поради фрлање ѓубре пред нејзиниот дом во Њујорк, пишува „Њујорк пост“.

Според странските медиуми, таа добила 32 казни затоа што не го одржувала чист просторот пред нејзиниот стан. Казните ги добила во периодот од јануари 2018 до јануари 2023 година, „Њујорк пост“ стигнал до нив и потоа ги објавил.

Санитарните инспектори ја казниле Свифт бидејќи просторот пред нејзиниот дом бил неуреден, тротоарот бил валкан и таа неправилно го складирала ѓубрето. Тие пишуваат дека тротоарот бил полн со весници, шишиња, картони и салфети, содржина од пепелници и отпушоци.

Фото: Пекселс/ yelena-odintsova

Пејачката се жалела за казните, по што од вкупната сума ѝ одзеле 200 долари. Но, нејзините соседи не биле задоволни од тоа како Тејлор го одржува тротоарот пред нејзиното живеалиште.

„Таа не се грижи за ѓубрето. Таа е повеќе фокусирана на нејзината мултимилионска турнеја која ги банкротира нејзините обожаватели“, изјавил за „Њујорк пост“ еден 22-годишен шетач на кучиња.

Дејвид Алдеа, поранешниот станодавец на пентахаусот пејачката, имал само пофални зборови за Тејлор.

“Таа беше совршена станарка целото време и беше одлично со неа. Немам ништо друго освен позитивни работи да кажам за неа”, изјавил тој.

Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Некои дури и ги обвинуваат фановите кои чекаат пред куќата на Тејлор, дека тие се всушност оние што го оставаат ѓубрето.

Инаку, ова не е единствениот имот што го поседува Тејлор Свифт. Таа има уште неколку станови и куќи во Њујорк, Беверли Хилс, Род Ајленд и Нешвил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот