Ја нарекуваа најубавата Италијанка, а денес има 65 години: Една лага ја чинеше многу! (ФОТО)

Италијанската дива Орнела Мути му пркоси на времето. И на 65 години остана симбол на убавината и префинетоста.

Орнела се прослави во средината на 70-тите во родната Италија, благодарение на неверојатно убавото лице, но набрзо почна да снима и надвор од границите на својата земја.

Светска слава ѝ донесе култното остварување „Флеш Гордон“, со што го освои светот како принцезата Аура. И покрај тоа што од таа улога поминаа цели 40 години, Орнела и ден денес изгледа неверојатно, а нејзината харизма и сексапил не избледеа ни малку.

Profimedia

Актерката е показател како се старее со стил. Очигледно е дека ја негува и чува својата убавина, но Орнела не подлегнала на трендот на претерување со пластични операции.

Успеала во намерата да ја сочува својата младоликост, а да не изгледа нападно и вештачки, и во неколку наврати истакна дека е остар противник на одењето под нож.

Сепак, активно е посветена на негата на кожата со помош на квалитетни природни козметики, посебно серум против брчки и крема за подрачјето околу очите. Неретко практикува и бројни третмани за лице, како и масажа за лице.

Profimedia

Орнела признава дека за нејзиниот добар изглед заслужен е и здравиот начин на живот -редовно вежбање, неконсумирање алкохол, исхрана богата со овошје и зеленчук.

„За мене клучна беше внатрешната хармонија. Таа ја менува личноста толку многу. Убавината е она што морате да го храните, како внатрешно, така и надворешно. Во спротивно ќе се претворите во убаво, но празно пакетче и ништо повеќе од тоа“, зборуваше таа во минатото.

Profimedia

Инаку, Орнела се мажеше трипати. Нејзиниот прв сопруг беше славниот глумец Алеси Орано. Во текот на шесте години од нивниот брак ги полнеа таблоидите повеќе од кој било друг, а медиумите ги нарекуваа „најубавиот пар во државата“. Од бракот ја имаат ќерката Наике, која денес се занимава со моделирање.

Но славната глумица далеку повеќе контроверзии предизвика во бракот со бизнисменот Федерик Фачинети, со кого ги доби синот Андреј и ќерката Каролина. Всушност, Фачинети често ја изневерувал, бил склон кон пороци и криминал. Па затоа оваа убавица после осум години брак се тргнала од таа брачна приказна. Федерик после разводот изјавил за медиумите дека Орнела била многу „досадна“: како и во креветoт, така и во разговорот.

На крајот целата среќа во љубовта ја пронајде во 10 години помладиот бизнисмен Фабрицио Кервер, со кого е во брак уште од 2008 година.

Profimedia

Сепак, лагата што ја чинеше многу е фактот што во јули 2019 година, Орнела Mути се соочи со голема парична казна бидејќи буквално излажа театар за да оди на вечера со претседателот на Русија, Владимир Путин и актерот Кевин Костнер.

Во декември 2010 актерката откажа неколку театарски перформанси со образложение дека е болна, при што тајно одлета во Санкт Петербург за да присуствува на голема хуманитарна гала вечера за канцер. Поради нејзината лага, италијанскиот суд ја обвини за обид за имама.

Долгот на Орнела Мути кон својата држава ја чини околу 30,000 евра, кои треба да ги плати на Театарот „Верде“ во Пордепоне, Италија – местото каде и ги откажа театарските перформанси. Актерката се изјасни дека не може да го подмири долгот, а алтернативата е осум месеци затворска казна.

Кога одекнаа фотографиите од хуманитарната гала во Санкт Петербург, на кои се гледа Орнела со Путин, управата на театарот веднаш реагираше. Иако се „извлекла“ од перформансот со „уреден“ медицински доказ, папараците веднаш го забележаа нејзиното присуство и го овековечија моментот. Настанот се одржа на 10 декември, 2010 година во Ледената Палата, а покрај Орнела Мути присуствуваа и други светски ѕвезди како Жерард Депардје, Винсент Касел, Моника Белучи, Шерон Стоун и Мики Рурк.

Во 2017 година, таа нејзиното семејство беа принудени да го напуштат семејниот дом во Рим поради неисплатени долгови. Актерката дефинитивно има желба да се пресели во Русија, бидејќи за медиумите неколкупати има изјавено дека поседува стан во Москва и би сакала да аплицира за руско државјанство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот