Извршителите не смеат да чепкаат до 23 јули

Течат 30-те дена по престанокот на вонредната состојба, рок во кој извршителите не смеат да ги чепкаат предметите според последните измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување. Со овие измени, место до 30 јуни, извршителите не смеат да преземаат дејства заклучно со триесеттиот ден по истекот на вонредната состојба, односно до 23 јули.

Од извршување се изземаат примањата по следните основи: законска издршка, надоместок на штета поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт, примање поради телесно оштетување; парична помош од социјална заштита; примање врз основа на привремена невработеност, детски додаток, студентски кредит, надоместок за работа на осуден во казненопоправен дом, „социјална пензија;  надоместок на штети за елементарни непогоди, надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, надоместок за деца корисници на семејна пензија, примања на лица во резервниот состав на Армијата и Полицијата, примања на воени и на мирновременски воени инвалиди, ортопедски додаток и инвалидски додаток, примање врз основа на договор за доживотна издршка и доживотна рента, како и врз примањето врз основа на договор за осигурување на животот и средствата исплатени како финансиска поддршка или субвенција на правни и на физички лица заради надминување на последиците од ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот