Извештајот на Европската комисија за Македонија стигна во Скопје, Гир му го врачи на Маричиќ

фото: Влада на РСМ

Попладнето во Владата, шефот на делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир го врачи Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2023 година на вицепремиерот Бојан Маричиќ.

На состанокот се дискутираше за Извештајот, планирањето на следните чекори за реализирање на стратешката цел за приклучување кон ЕУ, планот за раст и реформскиот план за Северна Македонија и Западен Балкан.

Вицепремиерот Маричиќ се заблагодари на амбасадорот Гир и Европската Унија за будното следење и излегување во пресрет на нашите барања, по што следува детална анализа за извештајот од страна на Владата и заложување за продолжување на процесот и успешна реализација на заедничките планови.

На средбата беше посветено посебно внимание на следните чекори за Планот за раст (на економиите) на Западниот Балкан со заклучок дека извештајот на Европската комисија за нашата земја е рефлексија на нашата секојдневна борба за унапредување на општеството.

Вицепремиерот истакна дека Република Северна Македонија продолжува со црвста заложба за спроведување на реформските процеси поддржувајќи го Планот за Раст за Западен Балкан.

„Планот за раст е резултат на наше барање, со што можеме да користиме привилегии и можности од зачленувањето во ЕУ пред време, односно додека траат преговорите. ЕУ со конкретен план подготвува 6 милијарди евра за Западен Балкан, од кои 1 милијарда евра може да ги искористи Северна Македонија. Со Планот за раст се овозможува пристап до европскиот заеднички пазар, што ќе значи силен економски напредок. Тоа значи дека нашите производи и услуги може да се пласираат на „Единствениот Европски пазар“ информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Целта на ЕУ е до март 2024 година да направи прв трансфер на средства кон Северна Македонија и другите земји во регионот на Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот