Фото: EPA/ABIR SULTAN

Израелските сили пак навлегоа во Јужен Либан

Израелските одбранбени сили ИДФ соопштија дека започнале копнена операција врз клучни цели во Јужен Либан кои ќе се однесуваат за проширување на тампон-зоната но и потиснување на либанската милитантна група Хезболах.

Според „Тајмс оф Израел“, израелската војска распоредува дополнителни сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона откако Хезболах почна да го напаѓа Израел претходно овој месец, во екот на војната со Иран.

Според соопштението, 91-та регионална дивизија Галилеја ја започнала операцијата доцна во саботата во источниот сектор на јужен Либан, за време на која војниците се судриле со оперативци на Хезболах и убиле неколку од нив.

Израелската армија соопшти дека операцијата имала за цел проширување на „зоната на напредна одбрана“.

„Оваа операција е дел од напорите за воспоставување напредна одбрана, вклучително и уништување на терористичката инфраструктура и елиминација на терористите што дејствуваат во областа, со цел отстранување на заканите и создавање дополнителен слој на безбедност за жителите на северен Израел“, соопшти војската.

Пред војниците да бидат распоредени подлабоко во областа, ИДФ соопшти дека израелските сили извршиле масовни воздушни напади и артилериско гранатирање „за да ги елиминираат заканите“.

Израелската војска посочи дека се подготвува да распореди дополнителни сили во Јужен Либан и дополнително да ја прошири тампон-зоната за да ја држи заканата од Хезболах подалеку од границата. наведува „Тајмс оф Израел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот