Израелската војска ранила 24 Палестинци во Појасот Газа
Израелската армија ранила 24 Палестинци, меѓу кои и 13-годишно момче, кое било застрелано во главата, додека демонстрантите фрлаа камења и запалија гуми на протестите во Појасот Газа.
Препорачано
Американските медиуми пренесуваат дека стотици лица учествуваа во демонстрациите, кои станаа насилни откако десетици луѓе се приближија кон утврдената гранична ограда, запалија гуми и фрлаа камења врз израелските војници кои испукаа солзавец, а потоа и пукаа врз демонстрантите.
Министерството за здравство во Газа, со кое раководи Хамас, објави дека во израелското пукање се ранети 24 Палестинци, од кои двајца, меѓу кои и едно 13-годишно момче, се во критична состојба.
Во соопштението, израелската армија наведе дека војниците одговориле со боева муниција, откако стотици Палестинци насилно демонстрирале на границата меѓу Газа и Израел.
Израел во четвртокот објави дека постигнал договор со Катар земјата да продолжи да плаќа помош за илјадниците семејства во Појасот Газа, што е чекор насочен кон намалување на тензиите на палестинската територија што е под контрола на Хамас.
Катар во послендите години обезбеди стотици милиони долари за најсиромашните семејства во Газа и тие средства беа клучен извор на стабилноста во оваа сиромашна територија, каде што невработеноста се движи околу 50 проценти, прен есуваат американските медиуми.
Извор: МИА


