Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан во знак на одмазда

Експлозиите се слушнаа околу кибуц Мисгав Ам во северен Израел, непосредно пред израелската армија да соопшти дека одговорила со артилериски оган.

Израелската армија ја гранатираше територијата на Либан во знак на  одмазда откако беа истрелани ракети нејзината територија кон Израел.

„Шест ракети беа испукани од Либан кон северен Израел и сите паднаа на територијата на Либан. Како одговор, нашите артилериски сили стрелаа кон цели лансирани од ракети”, соопшти израелската армија.

Експлозиите се слушнаа околу кибуц Мисгав Ам во северен Израел, непосредно пред израелската армија да соопшти дека одговорила со артилериски оган.

На социјалните мрежи се појави видео кое наводно го прикажува израелскиот одговор.

Нејасно е точно колку ракети биле истрелани од територијата на Либан, бидејќи израелската армија соопшти дека станува збор за шест ракети, додека либански безбедносни извори посочуваат дека во прашање се три ракети.

Според либански воен извор, израелската армија истрелала 22 гранати. Нема извештаи за жртви или штети од двете страни.

Мировната мисија на ООН во Либан, УНИФИЛ соопшти дека испалувањето ракети било забележано од областа Рашаја ал-Фукар, село близу границата, и дека Израел возвратил на огнот.

Размената на огнот следеше за време на конфликтот меѓу Израел и Палестинците, кој трае со денови и во кој загинаа повеќе од 200 лица, а околу 1.500 беа повредени.

Израелската армија соопшти дека ноќеска уништила 15 километри од тунелот во Газа што го користел Хамас и дека од Појасот Газа биле истрелани 90 ракети кон израелските градови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот