Израел забрани продажба на кибер технологија во 65 земји

Кибер-криминал/ Фото: ЕПА

Министерството за одбрана на Израел го намали бројот на земји на кои израелските компании можат да им продаваат кибер технологија поради глобалните последици предизвикани од продажбата на софтверот Пегасус на НСО Груп.

Продажбата е забранета во 65 земји, па така на новата листа има 37 земји, а претходно биле 102, пренесува израелскиот деловен дневен весник Калкалист.

Земјите каде што е загрозено почитувањето на човековите права, вклучително и новите израелски сојузници, Мароко и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), се отстранети од списокот.

Ниту Саудиска Арабија, ниту Мексико повеќе не се на листата.

Саудијците наводно го користеле софтверот Пегасус за да го следат новинарот на „Вашингтон пост” Џамал ​​Кашоги, кој беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул во 2018 година.

Мексико, исто така, користел технологија за следење на новинари и активисти.

Сепак, Индија, која исто така беше обвинета дека користи НСО технологија за следење на новинари, опозициски политичари и активисти, се наоѓа на новата листа.

Новите правила се очекува да и нанесат тежок удар на израелската индустрија за кибер технологија, проценува весникот.

НСО Груп се соочи со меѓународни критики поради наводите дека им помагала на владите во шпионирање на дисидентите и активистите за човекови права.

Компанијата тврди дека нејзиниот производ е наменет само да им помогне на земјите во борба против криминалот и тероризмот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот