Израел „покажа заби“, но немаше сили за пресврт, Јанис ја водеше Грција до четвртфинале
Кошаркарската репрезентација на Грција е последниот патник меѓу најдобрите осум на Европското првенство, откако вечерва во драматичен натпревар ја совлада селекцијата на Израел со 84:79.
Препорачано
Грците доминираа во речиси целиот натпревар, цели 39 минути беа во водство и не дозволија ниту еднаш да паднат во негатива. Израелците имаа кратко израмнување на стартот (2:2), но потоа цело време го „бркаа“ водството на Грција.
На крајот од првото полувреме, Грција водеше со 50:39, но Израел не се предаде лесно. Во третата четвртина успеаа да се доближат на само два поени заостанување (58:60) и најавија возбудлива завршница.
Сепак, Грција знаеше како да го заврши напреварот во своја корист и не дозволи изненадување.
Најдобар како и многу натпревари претходно бепе Јанис Адетокумпо. Ѕвездата на Милвоки одигра маестрално и го водеше својот тим со 37 поени и 10 скока, со фантастична реализација од поле (18/23).
Кај Израел, најистакнат беше Дени Авдија со 23 поени, но неговата партија не беше доволна за изненадување.
Во четвртфиналето, Грција ќе се соочи со Литванија, а мечот е закажан за вторник. Адетокумпо и компанија делуваат решени да одат до самиот крај.


