Израел најави жесток одговор на иранскиот напад: Ова што Иран го претрпе досега е само почеток

Проектили летаат над Горна Галилеја, северен Израел, 01 октомври 2024 година/EPA-EFE

Израел ќе подготви „значаен одговор“ на денешниот ирански напад, изјави израелски претставник за Си-Ен-Ен.

„Она што Иран го претрпе досега е само почеток“, рече тој.

Предупредувањата ја повторија пораката од портпаролот на израелските одбранбени сили, контраадмиралот Даниел Хагари, кој рече дека „овој напад ќе има последици“.

„Овој напад ќе има последици. Имаме планови и ќе оперираме на место и време за кое ние ќе одлучиме“, изјави портпаролот на израелската војска, контраадмиралот Даниел Хагари.

Низа проектили истрелани кон Израел во вторникот вечерта ги испрати граѓаните да брзаат кон засолништата, а израелската војска соопшти дека нема нови напади и дека е безбедно луѓето да ги напуштат своите засолништа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот