Израел ќе го одржи најголемиот ЛГБТК+ фестивал во близина на древната Содома
Официјалниот профил на Министерството за надворешни работи на Израел на социјалната мрежа X го најави четиридневниот „ЛГБТК+ фестивал“, планиран за јуни на брегот на Мртвото Море, на подрачје за кое традиционално се смета дека се наоѓале древните градови Содом и Гомора, пренесува „Христијан пост“.
Препорачано
„Гордоста се издигнува на најниската копнена точка на Земјата! Овој јуни Мртвото Море ќе стане ‘Земја на гордоста’ – најголемиот ЛГБТК+ фестивал што некогаш бил одржан на Блискиот Исток! Четири дена непрекината прослава и дружење! Израел го слави своето ЛГБТК+ заедништво повеќе од кога било!“, се наведува во објавата.
Меѓународна поддршка за ЛГБТИ заедницата во Унгарија за одржување на Парадата на гордоста
Фестивалот „Земја на гордоста“, кој ќе се одржи од 1 до 4 јуни во чест на „ЛГБТ начинот на живот“, привремено ќе претвори дел од Јудејската пустина крај Мртвото Море во фестивалски град со 15 хотели, плажи и голема централна сцена, на која постојано ќе настапуваат познати израелски музички изведувачи, пишува „Јерусалем пост“.
Се очекува да бидат организирани и семејни зони со активности за деца и работилници за семејства.
Според главниот продуцент и иницијатор на настанот, Аарон Коен, фестивалот ќе биде од досега невидени размери.
„Ова не е само уште еден фестивал, туку најголемиот проект што сме го организирале досега. Инвестиравме милиони, резервиравме хотели за четири дена и изградивме цел град среде пустина! Ќе има прослава 24 часа дневно – од мирни посети до ‘вечери на гордоста’, со жива музика и многу луѓе“, изјавил тој.
Tурција: Нов закон предвидува затворска казна за ЛГБТК+ лица и истополови парови


