Изминатата 2022 година е меѓу најскапите во историјата на осигурувањето

Осигурителна компанија илустрација/ Фото: Pavel Horak / Imageproduction / Profimedia

Изминатата 2022 година е рангирана меѓу најскапите во историјата на осигурувањето поради природни катастрофи, со најголема штета предизвикана од ураганот Иан во САД и поплавите во Австралија, објави денеска реосигурителот Минхен Ре.

Природните катастрофи предизвикаа околу 120 милијарди долари штети покриени со осигурување минатата година, слично како во 2021 година.

Најголемиот износ е постигнат во 2017 година, забележува осигурителот.

Во изминатите пет години просечната осигурена загуба изнесуваше 97 милијарди долари, а проценката на Минхен Ре е повисока од првичната пресметка на конкурентот Свис Ре, кој ја процени осигурената штета во 2022 година на 115 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот