Сликарката Цветанка Јованова Хермес во галеријата на МКЦ / Фотографија: Фејсбук

Изложбата „Емоција во боја“ на Цветанка Јованова Хермес ќе биде отворена во галеријата на МКЦ

Со изложбата „Емоција во боја“, која е поставена во галеријата на МКЦ во Скопје, ликовната авторка Цветанка Јованова Хермес бележи свој уметнички јубилеј. Станува збор за нејзина 20-та самостојна изложба.

На изложбата ќе бидат претставени околу 30 дела во кои бојата е главниот носител на емоцијата, движењето и внатрешната состојба. Делата се движат меѓу фигурацијата и апстракцијата, со силен експресивен потег и интензивна колоритна палета.

Женските ликови, симболичните форми и растителните мотиви не се класични портрети, туку визуелни состојби на духот, оставајќи простор за лично доживување и интерпретација.

Отворањето на изложбата ќе се одржи на 10 февруари, во 19:30 часот, во Галерија МКЦ. Изложбата ќе ја отвори Касиопеја Наумоска, а како музичка поддршка ќе настапи Наталија Данаилова. Изложбата во галеријата на МКЦ ќе може да се посети во наредните две недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот