Плакат за отворањето на изложбата во Истанбул

Изложбата „Архивски документи“ на Жанета Вангели ќе биде претставена во Истанбул

Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, во соработка со Национална галерија на Македонија, на 8 мај 2026 година, со почеток во 19:00 часот, ќе ја отвори изложбата „Архивски документи“ на истакнатата македонска уметница Жанета Вангели.

Изложбата претставува комплексна синтеза на четиридецениско творештво, во кое архивата освен како сведоштво за минатото, функционира и како активен и динамичен простор на современа интерпретација. Преку внимателно конципирана селекција од дигитални визуелизации и фотографија, Жанета Вангели артикулира повеќеслоен дискурс за времето, меморијата и феноменологијата на присуството. Нејзините дела го трансформираат архивскиот материјал во визуелно и концептуално поле каде што личното и историското се вкрстуваат во континуиран процес на преосмислување на стварноста.

Во својата уметничка практика, Жанета Вангели создава визуелен јазик кој се движи помеѓу реалното и метафизичкото, помеѓу документот и личното сведоштво. Делата во изложбата го повикуваат гледачот да го почувствува сегашниот момент преку трагите на одминатите времиња, претворајќи го архивот во интимно и современо искуство.

Жанета Вангели е едно од најпрепознатливите имиња на современата македонска и меѓународна уметничка сцена, а нејзиното долгогодишно творештво остава значаен белег во областа на визуелната уметност и современите медиуми.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 15 мај 2026 година во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот