„Излези надвор, па таму кашлај“ (ВИДЕО)

Foto: Chip Somodevilla

Во текот на интервјуто на американскиот претседател Доналд Трамп за ТВ мрежата ABC News, шефот на администрацијата на Белата куќа, Мик Молвени толку кашлал, што Трамп го исфрлил од Овалната соба.

Оваа сцена беше емитувана во неделата, во специјалот во кој Трамп говори за истрагата во врска со наводното мешање на Русија во претседателските избори, поранешниот претседател Барак Обама и лошите резултати од неодамнешното истражување кое беше спроведено, пренесува Дејли Мејл.

Во моментот кога зборувал за финансиските извештаи, се забележало дека Трамп видно е изнервиран поради Молвени кој стоел зад камерата и постојано кашлал.

„Тој кашла во мојот говор. Не ми се допаѓа тоа, знаеш, не ми се допаѓа“, изјави Трамп.

Кога новинарот му кажал дека тоа е шефот на персоналот Молвени, Трамп се завртел кон својот службеник и му наредил да ја напушти просторијата.

„Доколку продолжиш да кашлаш, те молам напуштија просторијата. Не можеш да кашлаш, о Боже“, изјави Трамп.

Кога Молвени излегол, Трамп го продолжил интервјуто, кое траело речиси цел час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот