Излезе „Културен печат“ број 322 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 322, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (28.02.-01.03.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со Васко Шутаров, директор на македонскиот КИЦ во Белград: Културата е најжив, за среќа и најжилав дел од секое општество
– разговор со Тихомир Поп Асановиќ, рок-легенда од времето на Југославија: Никогаш не сакав да правам компромиси со мојата музика
– разговор со Атанасија Гулевска за деби-албумот „Лакримариум“ на составот АТА: Долг пат до својот автентичен звук
– отворена е изложбата „Зимски салон“ на ДЛУМ: Уметноста како критички инструмент на општествената реалност
– јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи од 5 до 12 јуни во Прилеп со мото „Храбриот нов театар“
– монодрамата „Последниот час на Његош“, со актерот Слободан Маруновиќ, првенец на Црногорското народно позориште, ќе гостува на сцената во Македонскиот народен театар на 28 февруари, со почеток во 20 часот
– слушачка промоција на винилното издание на албумот „Маглота лајв“ на Јордан Костов и хорот „Св. Злата Мегленска“ ќе се одржи во „Аудиокултура“
– првата селекција за наградата „Роман на годината“ за 2025 година ја поминаа 22 романа
– сликовницата „(С)обувки“ на авторките Оливера Ќорвезироска и Наталија Лукомска без ниту еден збор инспирира илјадници приказни
– „Бегемот“ го објави делото „Калокаин“, дистописки роман од 1940 година од шведската писателка Карин Боје.



