Излезе „Културен печат“ број 151 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 151, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (22-24.10.2022), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– осврт кон 41. Скопје џез-фестивал: Ширење на хоризонтот кон нови музички појави

– средба со босанскиот актер Феѓа Штукан: Актерството се учи на театарската сцена

– разговор со слем-поетесата Марија Грубор – Вардарска: Слемот треба да биде доживеан

– претставата „Под.готвено“ својата театарска сцена ја пронајде во Руралниот културен центар „Ракатрак“ во скопското село Чучер Сандево

– поетска награда „Антево перо“ за Јулијана Младеновска-Тешија

– филмот „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова тргнува од филмскиот фестивал во Каиро

– филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона С. Митевска шета по фестивали

– филмот „Превртено“ на режисерот Игор Иванов – Изи на 20 октомври имаше проекција во Кинотеката по повод 15 години од неговата премиера

– независниот театар „Златен Елец“ премиерно ќе ја изведе претставата „Кенди“

– книгоиздателството „Антолог“ од Скопје ја објави книгата со кратки раскази „Крунски панагон“ од авторот Горан Тренчовски

– антологискиот расказ „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски стана дел од едицијата „Старо купувам“ на издавачката куќа „Темплум“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот