Континуитет со актуелни музичари и ексклузивни концерти носи 44-то издание на Скопскиот џез-фестивал
Грижливо и прецизно конципираната програма на 44. Скопски џез-фестивал на 8 октомври беше презентирана на прес-конференција во „Аудиокултура“, каде што Оливер Белопета ги посочи клучните карактеристики во концептот и на програмата и на фестивалот. Високото реноме што Скопскиот џез-фестивал го има во светски рамки и оваа година ќе биде потврдено преку селектираната концертна програма, посветеноста …

