Излезе „Културен печат“ број 129 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 129, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (21-22.05.2022), во својот стандарден формат на осум страници го отвораме со панорами од ретроспективната изложба на Димитар Кондовски во Даут-пашин амам, а меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со историчарот на уметност Емил Алексиев: Димитар Кондовски остави неизбришлив, длабок и траен белег во времето

– разговор со Тина Иванова, директорка на НУ Филхармонија: Крајниот резултат даде магија

– македонската публика за првпат ќе има прилика на два концерта да ужива во безвременскиот и магичен звук на „Дед кен денс“ (Dead Can Dance)

– во пресрет на Оф-фест 2022, „СЏФ Рекордс“ го промовираше деби-изданието на Пијан Славеј

– фузија од три уметности се случи на скверот „Јас и ти“ со мултимедијалниот перформанс „Триптих“, проникнат низ мислата на Горан Стефановски

– танчарката и кореограф Ивана Балабанова изминатиов период имаше интензивно претставување на два свои перформанси надвор од државата

– македонскиот поет, критичар, есеист, Санде Стојчевски одбележа 50 години творештво

– издаваштвото „Дијалог“ ја објави најновата, триесет и петтa стихозбирка на Ристо Лазаров со наслов „Чинук“

– средба со поетесата Ирена Павлова Де Одорико: Чинот на пишување како растајнување

– „ПНВ Публикации“ ја промовираше збирката раскази „Луѓенца“ од Лилјана Пандева

– силен израз на драмскиот аматеризам – на 23 мај почнува 59. ДАФ во Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот