Изјавата на Ламбрехт за војната во Украина ги разлути германските медиуми
Германската министерка за одбрана се соочи со критики по новогодишното видео обраќање во кое рече дека имала „многу посебни искуства“ поради конфликтот во Украина. По тој повод Кристин Ламбрехт изјави дека војната и дала можност за „многу средби со големи и интересни луѓе“, пишува „Гардијан“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Германскиот дневен весник „Тагесшпигел“ напиша жесток коментар со наслов „Ламбрехт повеќе не може да биде министерка“, наведувајќи дека за време на својот говор политичарката ја прикажала војната како „возбудливо професионално искуство“. „Билд“ го коментираше нејзиниот говор и напиша дека нејзината порака ја посрамоти Германија. „Шпигел“ напиша дека ова обраќање, ако се погледне контекстот на војната во Украина, е „непримерно и срамно“.
Портпаролот на Министерството за одбрана одби да го коментира обраќањето на министерката на прес-конференцијата и додаде дека при креирањето на пораката „не биле употребени никакви официјални средства“. Заменик-претседателот на конзервативната опозициска партија (ЦДУ), Јохан Вадефул, за весникот „Суедојче Зејтунг“ изјави дека „вознемирувачкото видео“ на Ламбрехт покажува дека таа го нема потребниот став за функцијата што ја има.


