Фото: илустрација

Изгоре уште еден автомобил на паркинг во Скопје

62-годишен скопјанец вчера пријавил во полиција дека неговиот автомобил изгорел на паркинг во близина на Бит-пазар, соопшти МВР.

„С.Ф. (62) од Скопје пријавил в полиција ноќеска дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар било опожарено неговото патничко возило „тојота рав 4“ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот