Пред џамија во Студеничани изгоре службениот автомобил на заменик-директорот на Идризово

Илустрација/ Фото Архива

Службениот автомобил кој го користи заменик-директорот на затворот „Идризово“, Феми Јонузи, вчеравечер изгорел пред џамија во неговото село Студеничани. Тој вели дека не знае зошто некој би го запалил и дека не добивал никакви закани.

Според МВР, вчера околу 21 часот тој влегол во џамијата, а по некое време луѓе надвор алармирале дека автомобилот гори и му помогнале да го изгаснат огнот. Јонузи пријавил во полиција, а според првичните констатации од вештаците, станува збор за електронски дефект.

Ова е трет случај за една недела во кој е запален втомобил на вработен во затворот Идризово.

Полицијата извршила увид и презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот