Изгоре куќа во Челопек – Слободен печат
Хроника

Изгоре куќа во Челопек

Тетовската противпожарна единица интервенирала со три возила и седум пожарникари. 

Нема повредени во пожарот во кој изгоре семејна куќа во тетовското село Челопек, општина Брвеница. Куќата од педесетина квадрати на еден кат започнала да гори околу 11 часот,  по што биле повикани тетовските пожарникари.

– Два часа ни требаше за да се локализира и целосно да биде изгаснат пожарот. Спречено е огнот да се прошири на другите блиски објекти и куќи. Семејството навремено се евакуирало и нема повредени, но има огромна материјална штета, изјави командирот на територијалната противпожарната единица Ука Алити.

Тетовската противпожарна единица интервенирала со три возила и седум пожарникари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close