Изетбеговиќ: Политичкиот сојуз меѓу Човиќ и Додик е опасен за Босанците

Фото: Принтскрин

Сепак, мора да се напомене дека Човиќ и Додик со години имаат блиски релации и соработуваат.

Претседателот на Партијата за демократска акција на Босна и Херцеговина (СДА), Бакир Изетбеговиќ изјави денеска дека сојузот помеѓу ХДЗ БиХ и Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик го смета како опасен за Босанците.

Во интервју за сараевскиот портал Фактор, вели дека политичката спрега помеѓу лидерите Драган Човиќ и Додик спречува да се постигне договор околу важни прашања, вклучително и измените во Изборниот законик.

-Проценив дека до 31 март имаме сосема доволно време да завршиме се што е потребно за формирање на нови структури на власта на федерално ниво, вклучително и да се обидеме да одбереме модел и темелни начела за измени во Изборниот законик. Се што би одело после тој датум сигурно би било толкувано како неприфатливо развлекување, непочитување на волјата на гласачите и диктат на малцинството над мнозинството, изјави Изетбеговиќ.

Сепак, мора да се напомене дека Човиќ и Додик со години имаат блиски релации и соработуваат. Двајцата најавија дека соработката ќе трае и во следниот мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот