Издание на „Арс либрис“: „Курвински хроники“ од Александар Русјаков

Издавачот „Арс либрис“, дел од „Арс ламина – публикации“, го промовираше романот „Курвински хроники“ од Александар Русјаков. Станува збор за петта книга на Русјаков, поднасловот на делото е „Роман сошиен од шест парчиња време“, а самиот автор вели дека е посветен „на сите искрени курви среде овој лицемерен и лажлив свет“.

– Книгата „Курвински хроники“ ме „малтретираше“ неколку години, вовлекувајќи ми се меѓу свеста и совеста. Овие хроники се плод на долгогодишно истражување на женските колена и колкови среде модната писта на човечката гротеска исткаена од лажен морал и искрено лицемерство. А, не сакам да пренесувам пораки. Тоа си е работа на читателот. Некои ќе извлечат порака, некои поука, а некои може да го извлечат и подебелиот крај – вели авторот Русјаков.

Делото „Курвински хроники“ минатата година влезе во потесниот избор на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман, што втора година по ред се организира од издавачката куќа „Арс ламина“. Првата необработена верзија на романот беше високооценета од жирито, по што доби можност за објавување од издавачката куќа.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 38, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 4-5 јули 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот