Телефон/ Фото: илустрација/Unsplash

Избран е трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска донесе одлуката дека „Оне Македонија телекомуникации“ (унгарска Групација 4иГ) е најповолен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор во Македонија. Компанијата има рок од 10 дена да уплати еднократен надомест од 8.020.003 евра за радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz.

По уплатата, ќе може да започне со работа и да користи постојните мрежи на операторите додека гради своја инфраструктура.

Според условите, до крајот на 2026 година новиот оператор мора да започне сервис во најмалку еден град, до крајот на 2028 година главните патни коридори да бидат покриени со 5G, а до 2030 година сите градови. До 2032 година секој граѓанин треба да има пристап до интернет со 5G со минимална брзина од 100 Mbps.

Рокот на важност на радиофреквенциите А1 и C1 е 12 години, а на B1 – 8 години. Од АЕК велат дека влезот на третиот мобилен оператор во државата ќе ја зголеми конкуренцијата на пазарот, што беше константна забелешка во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија.

На македонскиот пазар моментално работат „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“, како и неколку виртуелни оператори. Според податоците од третиот квартал на 2025 година, „А1 Македонија“ и „Македонски телеком“ заедно држат речиси 94 проценти од пазарот на мобилни претплатници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот