Избори во Косово: Српската листа се очекува да ја врати локалната власт во северните општини
На локалните избори во Косово, што се одржуваат денеска, до 17:00 часот гласале 32,3% од регистрираните избирачи, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК). Највисока излезност е забележана во општина Мамуша со 64,61%, а најниска во Србица – 23,61%.
Препорачано
По бојкотот на изборите во април 2023 година, косовските Срби масовно учествуваат на денешните избори, а се очекува општините Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток повторно да бидат под раководство на српски претставници, предводени од Српска листа, пишува Радио Слободна Европа.
Претседателот на ЦИК, Крешник Радониќи, истакна дека гласањето се одвива мирно и без неправилности кои би можеле да ја загрозат интегритетот на изборите.
Меѓународни набљудувачи од Европската унија и Велика Британија ја посетија Северна Митровица, Звечан и Приштина, нагласувајќи ја важноста на изборниот процес. Амбасадорот на ЕУ, Ајво Орав, изјави дека набљудувачите внимателно го следат процесот, додека британскиот амбасадор Џонатан Харгрејвс оцени дека активното учество на граѓаните е охрабрувачко за демократијата во Косово.


