Избори на Куба, за 470 пратеници има 470 кандидати меѓу кои и 91-годишниот Раул Кастро

Кубанците денес гласаат на избори за нов состав на Народното собрание во наредните пет години. На овие избори, како што објави Индекс.хр, нема изненадувања бидејќи има 470 кандидати за 470 пратенички места, но одлучувачка ќе биде излезноста која последните години се намалува.

Осум милиони избирачи се повикани да изберат 470 кандидати од кои 263 се жени, а 207 се мажи, главно членови на Кубанската комунистичка партија (единствена партија во земјата) за 470 места во Собранието.

Гласачките места се затвораат во 18 часот (полноќ според средноевропско време), а гласањето не е задолжително.

Избирачите можат на листата да заокружат еден или повеќе кандидати во изборната единица или да заокружат „сите кандидати” што значи гласаат за сите 470 предложени имиња.

Половина од кандидатите се именувани од сегашните пратеници, а останатите од општинските совети. Меѓу кандидатите се и претседателот Мигуел Дијаз-Канел (62) и поранешниот претседател Раул Кастро (91).

Инаку, изборите се одржуваат во време кога Куба минува низ најтешката економска криза во изминатите повеќе од 30 години, со галопирачка инфлација и невид миграциски бран, на што влијаеја пандемијата, заострувањето на американското ембарго и структурните слабости на домашното стопанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот