Охридско езеро / Фото: Архива на Слободен печат

Избегната трагедија во Охридското езеро, се преврте катамаран, спасени тројца скопјани

Попладнето избегната е трагедија во водите на Охридското езеро. Полицијата спаси три лица откако околу 18 часот им се превртел катамаранот со кој пловеле.

По пријавата полициските служебници на Полициската станица за граничен надзор “Охридско Езеро” веднаш излегле на терен. Пловниот објект експресно бил пронајден, на два километри од брегот и утврдено е дека станува збор за превртена едрилица – катамаран на која имало три лица.  Лицата на возраст од 53, 50 и 49 години, сите од Скопје, пронајдени се во непосредна близина, во добра здравствена состојба, без повреди. Според нивниот исказ причина за незгодата бил силен ветер. Од страна на Езерската полиција, катамаранот е вратен во пловна состојба, а лицата се транспортирани на копно, до сместувачкиот објект.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот