Фото: ГРК Охрид

Иванковиќ: Нè очекува тежок натпревар во Атина против Олимпијакос

На 29 март, сабота, ракометарите на Охрид ќе го играат првиот натпревар од четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп на гости во Грција против Олимпијакос во Атина од 16.00 часот (17.00 по локално).

Реваншот е закажан за 4 април од 18.00 часот во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

И двата натпревари, по барање на Европската ракометна федерација, ќе се играат без присуство на гостински навивачи.

Онлајн продажбата на билети за возвратниот меч во Охрид е во тек, повеќе информации на следниот линк ТУКА

-Нè очекува тежок натпревар во Атина против Олимпијакос. Олимпијакос има многу добар тим, со големи имиња во својот состав. Имавме 10 дена да се подготвиме за овој натпревар, направивме многу добра анализа и тактика и сигурен сум дека секој од нас ќе биде мотивиран и подготвен за дуелот кој ќе ни открие многу за реваншот во „Билјанини извори“ – вели играчот на ГРК Охрид, Анте Иванковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот