Фото: Центар за управување со кризи

Итен состанок во ЦУК поради лизгање на земјиште на Водно

Лизгање на земјиште на Водно во близина на улиците Белградска и Партеније Зографски, денеска ги алармираше надлежните, па по иницијатива на Општина Центар, се одржа итен координативен состанок во Центарот за управување со кризи. На состанокот, како што известија од ЦУК, присуствувале директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби, кои расправале и барале решение за актуелната состојба.

Присутните институции ја разгледаа состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилен надзор и изработка на ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето, соопштија од ЦУК.

Заклучоците од состанокот ќе бидат официјално проследени до Владата за натамошно постапување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот